+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Опсесивно компулзивно пореметување кај деца и адолесценти

Опсесивно компулзивното пореметување (ОКП) абично започнува во раното возрасно доба и се јавува еднаш во 200 случаи. ОКП се карактеризира со повторливи опсесивни иlили комулзивни активности кои се доволно јаки за да предизвикаат јака нелагоднаст. Опсесиите се повторливи и упорни мисли, импулси, слики кои се несакани и предизвикуваат видлива анксиознаст или стрес. Најчесто тие се нереални или ирационални и тие не се поврзани за секојдневните проблеми или настани. Компулзиите се повторливи однесувања или ритуали (како миење раце, преуредност, проверување на нештата повторно и повторно) или мисловни активности (броење, тивко повторување на зборави, избегнување). При ОКП, опсесиите и компулзиите предизвикуваат висока
анксиозност или стрес или го попречуваат нормалниот живот на детето, училишните и социјалните активности како и односите со луѓето.

Опсесивните мисли може да варираат во зависност ад возраста и може да се променат со текот на времето. Мало дете со ОКП може да се плаши дека нешто лошо ќе му се случи на него или на некој член од неговото семејство како на пример страв дека некој крадец ке влезе во куќата. Тогаш детето може компулсивно да ги проверува сите врати и прозорци навечер, откако родителите ќе заспијат со цел да ја намали анќсиозноста. При ова дејствие детето може да се уплаши дека при последната проверка несакајќи ја отклучило вратата и потоа компулсивно повторно да мора да проверува.

Постаро дете или тинејџер со ОКП може да се плаши дека ќе се зарази од некој вирус, СИДА или загадена храна. За да се справи со стравот детето може да створи „ритуал“ (однесување или активност која се повторува). Понекогаш опсесиите и компулзиите се поврзани; „Се плашам дека нешто страшно ќе се случи ако престанам да ги проверувам работите или миј ам рацете, па затоа не можам да престанам иако сето ова нема никакав смисол“.

Истражувањата покажуваат дека ОКП е пореметување на мозокот и може да се пренесува во семејството, но сепак ова не мора да значи дека детето ќе ги развие со сигурност симптомите. Сд друга страна дете може да развие ОКП и без претходна семејна историја. Најновите студии покажуваат дека ОКП може да се развие или добие посложена фарма после инфекција со стрептокока.

Детето или адолесцентот често се чувствува посрамен од својата 6олест. Многумина од нив се плашат дека тие се „ненормални или дека побудалуваат“. Добра комуникација помеѓу детето и родителите може да го зголеми разбирањето на проблемот и со тоа да се зголеми поддршката од страна на родителите кон детето.

Повеќето деца со ОКП може да бидат третирани ефикасно со комбинација на психотерапија (посебно когнитивна и бихевиарална) и одредени медикаменти како на пример серотонин. Семејната поддршка и едукација се исто така многу важни и од нив многу зависи успешноста на терапијата. Антибиотиците исто така може да помогнат при ОКП предизвикана од инфекција со стрептокока.
Барањето на професионална помош од страна на детски психијатар е мошне битно како за разбирање на комплексноста на ОКП така и за да се добие помош.