+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Анксиозни деца

Сите деца искусуваат анксиозност. Анксиозноста кај децата е очекувана и нормална во одредени периоди од нивниот развој. На пример: во текот на претшколската возраст до 7-та година, здравите деца може да покажат знаци на силен стрес или аиксиозност во моменти на сепарација од родителите или други особи кои им се блиски. Малите деца може да покажат краткотрајни стравови како што се страв од темница, грмење, хивотни или странци. Меѓутоа, кога анксиозноста станува прејака и почнува да ги попречува нормалните активности во детството како на пример сепарација од родителите, посетување на наставата или стекнувањето на пријатели, родителите треба да бараат евалуација и совет од детски психијатар.

Детето или адолесцентот со јака сепарациона анксиозност може да има некои од следните карактеристики:

  • постојани мисли и стравови за личната сигурност и сигурноста на родителите;
  • одбивање да посетува настава;
  • чести болки во стомакот или други физички потешкотии;
  • екстремна загриженост за спиење надвор од дома;
  • претерано зависино однесување дома;
  • панични или трауматски испади во момеити на сепарација од родителите.

Некои анксиозни деца се плашат да се сретнат или разговараат со нови луѓе. Деца со вакви потешкотии може да имаат неколку пријатели вон семејството. Некои деца со висока авксиозност може да имаат и:

  • многу грижи и пред да се случат работите,
  • константни грижи ва врска со училиштето, пријателите итн.

Анксиозиите деца често се пренапнати или нервозни. Некои маже да бараат совети и помош, бидејќи нивните грижи им ги попречуваат секојдневните активности. Анксиозните деца може да бидат тивки, покорни, услужни па затоа нивните потешкотии може да не се приметат. Родителите треба да се спремни да ги препозиаат знаците на високата анксиозност кај детето за да можат да интервенираат парано пред да се јават компликации. Раното откривање и третирање може да превенира идни потешкотии како губење на пријатели, непостиrнување на социјални и академски успеси и губење на самодовербата.

Високата анксиозност кај децата може да се третира. Терапијата може да биде комбинација од следните елементи: инивидуална психотерапија, семејна терапија, медикаменти, бихејвиор терапија и консултации во училиштето.