+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Депримирано (потиштено) дете

Како возрасните, така и децата и адолсецентите може да бидат депримирани. Депресијата се дефинира како болест, кога депресивното расположение трае подолг период.

Тешка депресија веројатно се појавува кај 5% од децата и адолсецентите во целата популација.. Деца во стрес, деца кои изгубиле некого од фамилијата, деца кои имаат недостаток на внимание, потешкотии во учењето или имаат пореметување на однесувањето се под голем ризик да станат депримирани деца.

Однесувањето кај децата и адолесцентите каи страдаат од депресија се разликува од депресивното однесување кај возрасните. Детските психијатри ги советуваат родителите да внимаваат на следните знаци:

  • долга и упорна тага;
  • неможност за уживање во претходно омилените активности;
  • пораст на активноста и иритабилноста;
  • чести поплаки на физички балки како што се главоболки и болки во стомакот;
  • чести отсуствувања од училиште или слаб успех;
  • упорна досада, пад на енергијата, слаба концентрација;
  • големо пареметување на навиката за спиење и јадење.

Детето кое најголемиот дел од времето го поминувало со своите другарчиња сега сака да се осамува и не покажува интерес за ништо. Нештата кои го радуваа, сега на депримираното дете му носат многу мало задоволство. Децата и адолесцентите кои страдаат од депресија може да даваат изјави дека сакаат да умрат, а може да збпруваат и за самоубиство. Адолесцентите може исто така да употребуваат и алкохол и дрога како излез од депресивното расположение.

Децата и адолесцентите може да предизвикуваат праблеми и дома и на училиште токму паради депресивнато расположение, без да се свесни за тоа. Децата немора секагаш да покажуваат тага за да се препознае депресијата кај нив. Честопати ако ги прашаме, децата знаат да ни кажат, дека се тажни или несреќни.

Раната дијагноза и третман се неопходни за депримираните деца. 3а помош родителите треба да се обратат кај својот матичен лекар кој ќе ги упати кај детски психијатар кој може да ја дијагностицира и третира депресијата кај децата и адопесцентите.