+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Децата и жалењето (при загуба)

Кога некој член од семејствата ќe почине децата паинаку реагираат од возрасните. Децата во предшколска вазраст веруваат дека смртта е само повремена и дека живатот се враќа. Ова верување децата го учат преку цртаните филмови каде главните протагонисти кои „умреле се враќаат павторно во живот“. Децата на возраст пnмеѓу 5 и 9 години почнуваат да размислуваат за смртта како возрасните иако веруваат дека тоа никогаш нема да им се случи на нив или на некој што го познаваат.

Честопати врз конфузијата и шокот кај детето поради смртта на брат, сестра или родител се надоврзува неможноста на другите членови од семејствато, кои се исто така шокирани, да му помогнат на детето. Родителите треба да знаат каја е нормалната реакција кај децата при смртен случај во семејството, како и за знаците кага нешто не е во ред. Според детските психијатри нормално е детето да покаже тага или да не верува дека тај член од семејството е починат во траење од неколку недели. Но, ако детето долго време не верува дека таа особа починала или ако не покажува тага, тогаш можно е ова „нездраво“ поведение да прерасне во мнагу посложен проблем.

Детето кае се плаши да присуствува на погребот не треба да се присилува. Но, сепак се препорачува детето да учествува во некои активности како што се палење на свеќи или кажување на молитва, како и посета на гработ.

Кога детето ќе ј а прифати смртта на некој член таа може и да покажува и да не покажува тага во долг временски период и тоа во неочекувани ситуации. Останатите членови на семејствато треба да поминуваат што е мажно повеќе време со детето објаснувајќи му дека е во ред да се покажуваат чувствата.

Честопати детето има чувство на лутина поради тоа што личноста која починала била многу важна за неговата стабилност. Лутината може да се открие преку бучната игра, ноќните мори, иритабилнnста. Детето може да ја покаже својата лутина и кај одредени членови од семејството.

После смртта на родител многу деца се однесуваат како да се на помала возраст. Детето може да стане поинфантилно, барајќи внимание, храна или гушкање, а може да употребува и „бебешки говор“. Помалите деца сметаат дека тие се причината за се што се случува околу нив. Тоа може да верува дека родителот, братот, сестрата, дедото или бабата починале поради тоа што тоа еднаш „посакало“ таа особа да почине. Тогаш детето се чувствува криво поради тоа што "таа желба му се остварила".

Прu смртен случај особено треба да се внимава на следните симптоми кои може да се јават кај детето:

  • долг период на депресија во кој детето гo губи интересот за секојдневните активности;
  • пореметување на навиката за спиење, губење на апетит, прадолжени стравови и немажност да остане сам;
  • се однесува како да е од помала возраст во подолг период;
  • често ја имитира пачината особа;
  • чести изјави дека посакува да му се придружи на починатиот;
  • се повлекува пред пријателите;
  • опаѓање на школскиат успех или одбивање да се посетува настава.

Доколку се појави вакво однесување помош од стручно лице е неопходна. Детски психијатар маже да допринесе во тоа детето да ја прифати смртта и да интервенира кaj другите членови од семејството да му памогнат на детето да го надмине периодат на жалење.