+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Самоубиства кај тинејџери

Самоубиството кај младите луге во изминатите години драматично се зголемува. Секоја година во САД илјадници тинејцери се самоубиваат. Самоубиството е трета причина по ред за  смртноста  кај  младите  на возраст од 15- 24 години, а шеста по ред кај деца на возраст пoмeFy 5 - 14 години.

Тинејџерите додека се развиваат искусуваат силни чувства на стрес, конфузија, несигурност, притисок да се ycпee, финансиска несигурност и разни други стравови. За некои тинејџери разводот, формирањето на ново семејство со очув или маќеа, полубрат  или  полусестра,  како  и преселуваіье во нова средина може да биде трауматаско и може да предизвика несигурност. Во некои случаи самоубиството е “решение” за проблемите.

Депресијата и суицидните идеи се пореметуваіња кои  може  да  се третираат. Kaj детето  или адолесцентот  треба  да се препознае  болеста  и да се третира. Kora родителите не се сигурно дали нивното дете има проблем или не, помош од психијатар е секако неопходна.

Многу од симптомите на суицидните идеи се слични на депресивните. Родителите треба да се свесни за следните симптоми:

  • Промена во исхраната и спиењето;
  • Повлекуваіье од  пријателите,  семејството  и  секојдневните активности
  • Употреба на алкохол или дрога;
  • Особени проблеми во личноста
  • Неиобично запоставување на надворешен изглед
  • Особени промени во личноста
  • Упорна здодевност, потешкотии на концентрацијата, опаѓање на успехот од училиште
  • Постојано жалење на психички потешкотии, особено поврзани со емоциите и болки во главата, стомакот, замореност
  • Намален интерес за активностите кои носат задоволство

Нетолерантност на награди и пофалби

 

Психијатрите препорачуваат ако еден или повеќе од овие симптоми се појават да се разговара со тинејџерот за тоа, а ако проблемот и понатаму опстојува да се побара помош од стручно лице.

Тинејцер кој планира да изврши самоубиство може исто така да:

 

  • Се жали дека се чувствува “празен внатре”;
  • Дава изјава во стилот на:”Нема уште долго да ви претставувам проблем”, “Ништо веке не е важно”, “Нема да се видиме повеке”,” Веке ништо нема смисол”;
  • Се ослободува од битни и за него омилени работи
  • Станува одеднаш расположен после долг период на депресија

 

Ако дете или адолесцент каже: “Сакам да се убијам” или “Ке извршам самоубиство”, секогаш земете го за озбилно и побарајте совет од стручно лице. Луѓето честопати  не сакаат да разговараат  за смртта, по сепак треба да се започнува разговор со младиот  човек на оваа тема.  Ако  се разговара за смртта, депресијата или самоубиството и се прашува адолесцентот за мислење, тоа за него може да значи дека постои  интерес за  него и за тоа што тој размислува и чувствува.

Со поддршка од семејството и  професионален  третман,  деца  и адолесценти  кои се обиделе да извршат  самоубство  може да се излечат  и да продолжат да се развиваат нормално.