+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Деца кои не можат да задржат внимание

Радителите се потресени кога ќе добијат порака од училиштето дека нивните деца не „можат да го слушаат учителот“ или дека „предизвикуваат проблеми во одделението“. Една од можните причини за ваквиот вид однесување е „Недостаток на внимание и Хиперактивно однесување“ (Attention - Defіcit Hyperactivity Disorder - ADHD).

Иако децата со ADHD често сакаат да бидат добри ученици, во тоа ги попречува импулсивното однесување и немoжноста да задржат соодветно внимание на часот. Учителите, родителите и пријателите знаат дека ова дете „не се однесува како што треба“ и „поинакво е од другите деца“, но не се во можност да кажат што точно со него не е во ред. Детски психијатар може да дијагностицира и третира дете co ADHD.

Хиперактивниот симптом може да се препознае преку непотребно трчање или качување кај помали деца или екстремно, неуморно и непрестано однесување кај поголеми деца. Наспроти нормално високото ниво на активност кај некои деца, хиперактивното е неорганизирано и нема цел. ADHD e десет пати почесто кај машките, отколку кај женските деца.

Дете кое има ADHD има некои од следните карактеристики:

  • тешко ја организира рaбoтата и се однесува како да не ги слушнало инструкциите;
  • лесно се деконцентрира;
  • прави безгрижни, импулсивни грешки;
  • често зборува на часот;
  • не може да го дочека својот ред за групни активности;
  • не може да игра игри за истото време за кое неговите врсници би ги играле.

Без соодветен третман децата со ADHD маже да заостануваат на училиште како и во дружењето, бидејќи не можат да соработуваат во игрите и другите социјални активности. Може да имаат помало ниво на самодоверба, бидејќи почесто искусуваат неуспеси отколку успеси и се критикувани од учителите и семејството кои не препознаваат дека се рабати за заболување.

Истражувањата покажале дека медикаментозната терапија е од помош и тоа дека медикаментите препишани зa ADHD најдобро помагаат кага се дел од сепофатен план кој вклучува евалуација и психотерапија за детето, помош за семеј ството и консултации со учителите.

Ако детето покажува праблеми во однесувањето како овие при ADHD, родителите може да бараат од педијаторот или фамилијарниот лекар да го извести детскиот психијатар за ова кој пак може да дијагностицира и третира дете со вакво заболување. Преку него родителите можат да научат како да се справат со проблемот кај детето, а учителите како поефикасно да ги подучуваат децата со ADHD.