+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Предизвикувачко однесување кај аутистичните деца

Што е пркост?

Аутистичното предизвикувачко однесување претставува одговор на ситуации кои се премногу оптеретувачки за лица со аутизам, каде лицето привремено ја губи контролата над ситуацијата. Пркосот е различен за секое аутистично дете.

Што може да се случи за време на предизвикувачкото однесување?

  • Плачење, викање и врескање
  • Бегање од одредени ситуации
  • Легнување на под
  • Може да се самоповредува или да повредува некој друг, на пример: удирање на главата од подот, или гризење најчесто на мајката
  • Може поинтензивно да се мрда, како на пр. лулање
  • Не сакаат да комуницираат
  • Им се чини дека светот им се забрзува или забавува
  • Чувствуваат дека сетилата им се засилени 

Што може да доведе до предизвикувачко однесување?

  • Чувството на заробеност
  • Добивање на премногу инструкции истовремено
  • Промена на рутината
  • Кога од нив премногу се бара
  • Толпа на луѓе (гужва)
  • Нова средина
  • Преголема сензорна стимулација или намалена стимулација
  • Потешкотија во регулацијата на емоциите
  • Неможност за идентификација на емоциите
  • Потешкотија да ја регулира телесната температура
  • Потешкотија да разбере што му се зборува
  • Физичка болка или болест
  • Недостаток на сон 

Фази на аутистичното предизвикувачко однесување

Тригери - ова е фаза каде се наоѓа тригерот. Тригерот не секогаш е очигледен

  1. Фаза на татнеж - ова е фазата каде што сеуште постои можност да се одбегне пркосот со помош на стратегии за справување
  2. Губење на контрола - ова е фазата која претходи на пркосот
  3. Пркос - ова е фазата кога пркосот започнува
  4. Де-ескалација - е долга фаза, каде се намалува висината на вознемиреност
  5. Закрепнување - во оваа фаза можно е да се чувствува вина 

Предупредувачки знаци на аутистичниот пркос

  • Потреба за постојано уверување
  • Потреба да се изолира
  • Потешкотија со комуницирањето
  • Промена во говорот, на пример: говори побрзо и побавно од вообичаено, нефлуентен говор
  • Искажување на сензорна вознемиреност, како на пример:чувство дека сетилата се засилени, се чини дека собата станува се помала, затварање на ушите со рацете
  • Трчање
  • Чувство на потреба дека треба да се тргне од ситуацијата во која се наоѓа/ барање за напуштање на ситуацијата
  • Потешкотија да се фокусира во извршувањето на одредена задача
  • Измореност
  • Губење на можноста да ги маскира аутистичните особини/ се повеќе се познаваат стереотипните аутистични карактеристики
  • Изгледа вцрвенето (како да има осип)

Како да се спречи аутистичното предизвикувачко однесување?

  • Водете евиденција на пркосите и препознајте ги тригерите
  • Правете паузи пред да бидат потребни. Определете време за одмор по напорните периоди
  • Регулација на сетилата колку што е можно повеќе. На пр. Користење на сензорни помагала или вршење сензорни активности
  • Користење на визуелен распоред. Држење до рутината
  • Најдете начини да ги идентификувате и регулирате емоциите. На пр. преку користење на емоционално тркало или техника на смирување
  • Правење на план за пркосот, вклучувајќи ги предизвикувачите за пркосот и што може да се направи кога истиот ќе се појави
  • Користење на техника за балансирање на енергија
  • Доколку се чувствувате безбедно и удобно да го направите тоа, експериментирајте со разоткривање на аутистичните особини
  • Користете разумни прилагодувања. Побарајте одредени предмети кои што можеби ќе ви требаат

Како да помогнете на аутистична личност која има пркос?

  • Договорете план во случај на пркос . Однапред, прашајте го лицето дали има некои специфични тригери и помогнете му да ги избегне.
  • Отстранете ги од околината . - Доколку околината е премногу гласна, предложете на личноста да се премести на помирно место, доколку се согласат на тоа.
  • Користете тивок и смирен глас . Дадете и до знаење на личноста дека не го обвинувате за пркосот.
  • Исполнете ги нивните сетилни потреби . Ова може да вклучува помагање во барање на играчки или слушалки со кои се пригушува бучавата
  • Не ги допирајте . Ова понекогаш може да биде болно и да предизвика преоптоварување при појавата на пркосот.
  • Дозволете аудитивна стимулација при правење звуци . Поттикнувањето и пуштањето на звуци може да биде начин да се регулираат. Не обидувајте се да ги спречите да го прават ова, освен ако не е штетно за нив.
  • Дајте доволно време за опоравување. Пркосот може да биде исцрпувачки и да потрае подолг временски период за кој е потребно некое време за опоравување. Можеби нема да можат да направат ништо и можеби ќе сакаат да бидат опуштени додека закрепнуваат.
  • Ако други луѓе се собираат наоколу или гледаат, замолете ги да се оддалечат и да си продолжат со својот ден.