+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

Биофидбек

Биофидбек е методологија што ја користите за да контролирате некои од функциите на вашето тело, како што се отчукувањата на срцето, начинот на дишење и мускулните одговори. За време на биофидбекот, поврзани сте со сензори кои ви помагаат да добиете информации за вашето тело.

Кога имате болки или сте под стрес, вашето тело се менува. Може да ви се зголеми пулсот, да дишете побрзо и да ви се затегнат мускулите. Биофидбекот ви помага да направите мали промени во вашето тело, како што се релаксирање на мускулите, за да помогнете во ублажување на болката или намалување на напнатоста. Можеби ќе можете да го намалите пулсот и дишењето, што може да направи да се чувствувате подобро. Биофидбекот може да ви даде вештини за практикување на нови начини за контрола на вашето тело. Ова може да го подобри здравствениот проблем или да помогне во олеснување на секојдневните активности. Во зависност од вашите здравствени проблеми и цели може да се користат различни видови на биофидбек. Видовите биофидбек вклучуваат следење на различни физиолошки параметри:

  • Дишење - за време на биофидбек за дишење, лентите се поставуваат околу стомакот и градите. Сензорите на лентите го отчитуваат вашиот ритам на дишење. Со фидбекот и инструкциите од терапевтот можете да научите да го контролирате дишењето и тоа да ви помогне да се чувствувате подобро.
  • Мозочни бранови - за време на овој тип на биофидбек, електроенцефалографот (ЕЕГ) користи електроди (сензори) кои се поставуваат на скалпот и од кои се следат вашите мозочни бранови. Постојат одредени мозочни бранови кои покажуваат различни ментални состојби, како што се релаксација, будност и сон. Со обуката за биофидбек, можете да видите промена во мозочните бранови кои го подобруваат вашето здравје.
  • Пулс (HRV ) - Во овој тип на биофидбек сензорот може да се постави на прстот и да се следи пулсот т.е варијациите на отчукувањата на срцето. HRV е важен индикатор за физиолошката еластичност и за флексибилноста на однесувањето, што ја одразува способноста на поединецот ефикасно да се прилагоди на стресот и барањата на околината. Тоа е вештина што може да се научи и практикува за да се подобри здравјето, перформансите и целокупната благосостојба. Оваа техника, откако ќе се научи и практикува, може да му даде на клиентот начин да го регулира стресот. Колку е поголема рамнотежата на автономниот нервен систем, толку е полесно да се концентрирате и да ги контролирате емоциите и однесувањето.
  • Мускулна активност - електромиографот (ЕМГ) користи сензори за мерење на затегнатоста (напнатоста) на мускулите. Ова помага да бидете свесни за мускулната тензија и да можете да преземете чекори за да ја контролирате.
  • Спроводливост на кожата – сензорите закачени на прстите, дланката или зглобот ја мерат спроводливоста на кожата т.е активноста на потните жлезди. Количината на пот на вашата кожа ве предупредува на нервоза.
  • Температура - сензорите кои се закачени на прстите го мерат протокот на крв во вашата кожа. Бидејќи температурата често опаѓа кога сте под стрес, нискитевредности може да ве поттикнат да започнете со методи за релаксација. Како што станувате поопуштени, вашите прсти  може да станат потопли.

Биофидбекот, понекогаш наречен тренинг за биофидбек, помага за многу физички и ментални здравствени проблеми, вклучувајќи:

  • Нервоза или стрес
  • Астма
  • Дефицит на внимание/хиперактивност (АДХД)
  • Долготрајна болка
  • Фибромијалгија
  • Главоболка
  • Висок крвен притисок
  • Синдром на иритирани црева
  • Зуење во ушите, исто така наречено тинитус
  • Мозочен удар
  • Депресија