+389 72 204 250 contact@brainarc-skopje.mk

ADHD и Neurofeedback

Неурофидбек е еден вид на биофидбек, кој не учи на самоконтрола на мозочните функции преку мерење на мозочните бранови и обезбедување сигнал кој ни дава повратна информација. Неурофидбек обично обезбедува аудио и/или видео повратни информации.

Неурофидбек третманот се користи за третирање на следниве состојби:

  1. Дефицит на внимание со или без хиперактивност (ADHD/ADD)
  2. Потешкотии во учењето (дислексија, дискалкулија)
  3. Нарушувања од аутистичниот спектар
  4. Опсесивно-компулсивно нарушување
  5. Мигрени
  6. Тензиони главоболки
  7. Епилепсија
  8. Зависници од алкохол и дрога
  9. Пореметување на спиење
  10. Посттрауматско стресно растројство
  11. Бруксизам
  12. Депресија
  13. Напади на паника
  14. Хронична болка
  15. Хроничен умор
  16. Мозочен удар
  17. Автоимуни дисфункции
  18. Тинитус 

Дефицит на внимание со или без хиперактивност (ADHD/ADD)

АДХД е едно од најчестите невро-развојни нарушувања. Обично првпат се дијагностицира во детството и често трае до зрелоста. Децата со АДХД може да имаат проблем со вниманието, не можат да ги контролираат импулсивните однесувања (може да дејствуваат без да размислат какви ќе бидат последиците) или може да бидат премногу активни.

Лицата со АДХД имаат разлики во развојот на мозокот и мозочната активност што влијае на вниманието, способноста да седат мирно и самоконтролата. АДХД може да влијае на личноста во повеќето сфери на животот, како училиште, вонучилишни активности, дома, работа, и во пријателствата. 

Симптоми на АДХД:

  • Изгледа расеано
  • Заборавање или губење на многу работи
  • Лесно можат да се изнервираат
  • Премногу зборување
  • Правење на невнимателни грешки или превземање на непотребни ризици
  • Потешкотија да се спротивстават на искушението
  • Потешкотија со чекање на ред
  • Потешкотија да се сложуваат со другите 

Видови на АДХД

Постојат три различни видови на АДХД, кои во зависност од тоа според кои симптоми се најистакнати кај поединецот, се дели на:

Претежно невнимателен тип : кое се карактеризира со потешкотија во организација или ивршување на зададена задача, внимавање на деталите или следење на инструкции или разговори. Личноста со ваков тип на АДХД може лесно брзо да го оттргне вниманието или заборава детали од дневните рутини.

Претежно хиперактивно-импулсивен тип : кое се карактеризира со многу лесна и брза иритабилност и зборливост. Потешкотија со седење мирно подолг временски период (на пример, за оброк или додека се извршуваат домашни задачи). Помалите деца можат постојано да трчаат, да скокаат или да се качуваат. Поединецот се чувствува немирен и има проблеми со импулсивноста. Некој кој е импулсивен може многу да ги прекинува другите, да зграпчува работи од луѓето или да зборува во несоодветни моменти. На лицето му е тешко да го чека својот ред или да слуша упатства. Личноста со овој тип на АДХД е поподложен на повеќе несреќи и повреди за разлика од другите.

Комбинирана тип : Симптомите од горенаведените два типа се подеднакво присутни кај личноста.  

Критериуми за дијагностицирање на АДХД

Луѓето со АДХД покажуваат постојан модел на невнимание и/или хиперактивност-импулсивност што го попречува функционирањето или развојот :

1.Невнимание: Шест или повеќе симптоми на невнимание за деца до 16 години или пет или повеќе за адолесценти на возраст од 17 години и постари и возрасни; симптомите на невнимание да се присутни најмалку 6 месеци и се несоодветни за развојното ниво:

  • Честопати не обрнува внимание на деталите или прави невнимателни грешки во училишната работа, на работа или со други активности.
  • Често има проблем да го задржи вниманието на задачите или активностите за играње.
  • Често се чини дека не слуша кога директно некој му се обраќа.
  • Честопати не ги следи упатствата и не успева да ги заврши училишните задачи, задолженија или обврски на работното место (на пр., губи фокус, не следи).
  • Често има проблеми со организирање задачи и активности.
  • Често избегнува, не сака или има одбивност да прави задачи кои бараат ментален напор во подолг временски период (како што се училишните, домашните и работните задачи).
  • Често ги губи работите неопходни за задачи и активности (на пр. училишни материјали, моливи, книги, алатки, паричници, клучеви, документи, очила, мобилни телефони).
  • Лесно може да му се одвлече вниманието.
  • Често е заборавен во секојдневните активности.

2. Хиперактивност и импулсивност: Шест или повеќе симптоми на хиперактивност-импулсивност за деца до 16 години, или пет или повеќе за адолесценти на возраст од 17 години и постари и возрасни; симптомите на хиперактивност-импулсивност се присутни најмалку 6 месеци до степен што е нарушувачки и несоодветен за развојното ниво на личноста:

  • Често се нервира или чука со рацете или нозете или се превртува во седиштето.
  • Често го напушта седиштето во ситуации кога се очекува да остане седнат.
  • Често трча или се качува во ситуации кога тоа не е соодветно (адолесцентите или возрасните може да бидат ограничени  во тоа и поради тоа да имаат чувство на немир).
  • Честопати не може тивко да играат или да учествуваат во слободните активности.
  • Често се „во движење“  и се однесуваат како да „се управувани од мотор“.
  • Често зборуваат прекумерно.
  • Честопати го кажуваат одговорот на прашањето пред прашањето да биде целосно поставено.
  • Честопати имаат проблем да го дочекаат својот ред.
  • Често ги прекинува другите (на пр., самоволно и без дозвола влегува во разговори или игри)

Неурофидбек и АДХД

Неурофидбек терапијата е рехабилитационен пристап за третман на АДХД. Неговата цел е да го нормализира однесувањето без лекови, и е еден вид на бихејвиорална терапија.  Користењето  на неурофидбек е поврзано со  долгорочно подобрување на состојбата, кој служи за намалување на хиперактивноста и подобрување на вниманието.

Целта на неурофидбекот за АДХД е да го научи корисникот да произведува модели на мозочни бранови кои се поврзани со фокусот.

Резултат: Некои симптоми на АДХД - импулсивност, расеаност и дејствување - се намалуваат.